Прелиминарно истражување со сјајни резултати: Револуционерен метод тестиран на 6 тешко болни пациенти, сите оздравеле

од Nikola Popovski

Среде епидемијата на коронавирус, сите релевантни меѓународни експерти работат напорно за да најдат решение за лекување или пронаоѓање на вакцината што е можно поскоро. Добра вест доаѓа од Израел, но факт е дека ова е прелиминарна студија спроведена на мал број пациенти.

Поточно, шест пациенти биле третирани во три клинички болнички центри во Израел, врз основа на терапија на плацентарни клетки. Истражувањето е спроведено од компанијата Plurestem, со седиште во Хаифа.

Според нивните податоци, третманот бил извршен на шест пациенти кои се изложени на голем ризик, односно имаат неколку хронични заболувања, а стапката на морталитет кај таквите пациенти е многу висока.

Сите шест пациенти со коронавирус биле лечени со лек врз основа на клетките од плацента и сите преживеале.
Пациентите биле третирани три недели во три различни израелски медицински установи. Сите страдале од акутна респираторна слабост и воспалителни компликации поврзани со КОВИД-19. Четири пациенти, кои биле во најлоша состојба, имале и други слабости на органите, како кардиоваскуларни проблеми и откажување на бубрезите.

Според Плурестем, не само што сите пациенти преживеале, туку четворица покажале и подобрување на респираторните параметри, а тројца наскоро треба да бидат исклучени од респираторите. Покрај тоа, двајца пациенти со постојни медицински состојби покажуваат клиничко опоравување со подобрување во дишењето.

PLX клетките се „алогени мезенхимални клетки кои имаат имуномодулаторни својства“, што значи дека тие предизвикуваат природни регулаторни Т-клетки и М2 макрофаги на имунолошкиот систем, појаснуваат од Плуристем.

Тие веруваат дека ова може да доведе до намалување на преактивирање на имунолошкиот систем, што би довело до намалено воспаление на белите дробови, т.е. општо воспаление на ткивото на белите дробови.

Со цел да се добијат уште порелевантни информации, Плуристем планира да аплицира за мултинационално клиничко испитување за лекување на компликации поврзани со коронавирус.

Слични содржини