Премиер лига или Серија А? Анчелоти вели…

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Евертон, Карло Анчелоти изјави дека англиската Премиер лига е поквалитетна од Серија А.

„Премиер лигата е многу конкурентна. Постојат многу работи што можеме да ги кажеме зошто нивните клубови се супериорни во однос на оние во Серија А. Премногу тактика има во Италија, што доведува до помал интензитет. Од друга страна, најдобрите играчи и тренери играат во Премиер лигата“, рече Анчелоти, а потоа ја објасни ситуацијата во англискиот фудбал за време на пандемијата.

„Квалитетот е она што ја прави разликата, но квалитетот чини многу. Поради тоа врвните клубови страдаа многу во последно време. Сепак, и покрај тоа, еден Манчестер Сити може да ги донесе Рубен Дијаз, Феран Торес и Аке. Челси потроши 200 милиони евра за да потпише со Вернер, Хаверц, Чилвел, Зиеш… додека, да речеме, Барселона и Реал Мадрид воопшто не донесоа играчи“.

Анчелоти со ентузијазам го проследил доаѓањето на Жозе Мурињо на позицијата тренер на Рома, клубот чиј навивач е.

„Не очекував да дојде во Рома, но штом ги прочитав вестите, му испратив порака во која му посакав среќа, и тој ми се заблагодари. Мурињо ќе донесе знаење, ентузијазам и карактер. Тој е одличен тренер, имаме добри односи и навистина сум среќен што тој ќе ја тренира Рома, мојата Рома“, заврши Анчелоти.

Слични содржини