Актуелно
Почетна / Спорт / Премиер лига помеѓу Кина и 870 милиони евра

Премиер лига помеѓу Кина и 870 милиони евра

Најголемата фудбалска лига на планетата ќе има многу проблеми, пред сè финансиски, доколку не заврши тековната, суспендирана сезона.

Според „Атлетик“, еден клуб им предложил на другите да ја завршат сезоната далеку од дома – во Кина.

Сето ова за да се избегне проектирана загуба до 870 милиони евра доколку дуелите бидат целосно откажани поради пандемијата од коронавирус.

Сепак, предлогот на тој неименуван клуб не поминал добро кај другите.

„Земјата за која се спомнува цело време е Кина. Едноставно нема смисла. Идејата е целосно луда и мислам дека ќе биде отфрлена. За да дојде до тоа Премиер лигата да се пресели во другиот крај на светот, ќе треба да бидеме масакрирани. Пред некој ден, нè обвинија дека живеевме во меур. Иако тоа не е точно за мене, можам да видам зошто луѓето го мислат тоа“, изјави еден од лидерите на една од водечките екипи во Премиер лигата.

Друга идеја за одигрување на остатокот од Премиер лигата е да се одржат сите натпревари без публика, со пренос во живо на телевизија.

Сите 92 преостанати натпревари би се играле на неутрален терен, односно на неколку локации, кои помалку би биле погодени од коронавирусот од другите.

loading...