Премиер лигата и официјално потпиша рекорден договор

од Vladimir Zorba

Англиската Премиер лига официјално го објави договорот со американската компанија NBC Universal за пренос на натпревари од Премиер лигата во САД. Договорот е за следните шест години и е вреден 2 милијарди фунти. Ова е повеќе од двојно повеќе од претходниот договор со истата компанија, кој беше вреден 740 милиони фунти.

Договорот ги опфаќа сите натпревари во Премиер лигата од почетокот на сезоната 2022/23 до крајот на сезоната 2027/28.

Договорите за преостанатите права во странство допрва ќе се објават. Договорот за домашни права е вреден 4,7 милијарди фунти, а во мај Премиер лигата се согласи да го продолжи за уште три години под овие услови.

Сметките покажуваат дека сите приходи од телевизиските права ќе достигнат 10 милијарди фунти за периодот 2022-2025 година, што се случува за прв пат.

Слични содржини