Премиера на краткометражниот филм „Северен пол”

од Vladimir Zorba

По светската премиера во Официјалната селекција во Кан на најпрестижниот светски филмски фестивал, регионалната премиера во Сараево, италијанската премиера на фестивалот Конкорто во Пјаченца и македонската премиера на фестивалот „Браќа Манаки” во Битола, денес во МКЦ Парк скопската публика ќе може да го види филмот „Северен пол” на Марија Апчевска-Петровска.

По оваа проекција следуваат учества и во официјалните селекции на фестивалите во Тирана, Рекјавик, Батуми и други реномирани фестивали.

Главните улоги ги толкуваат: Антонија Белазелкоска и Лука Митев. Директор на фотографија Владимир Самоиловски, костимограф Билјана Гргур, сценограф Кирил Спасески, монтажер Драган Вон Петровиќ, шминка Горан Игњатовски, дизајн на тон Игор Поповски и Бојан Паликуќа, кастинг директор Киријана А. Николоска. Продуцент на филмот е Роберт Насков.

Филмот е во продукција на „Кино око” во копродукција со „Сервиа филм” и „Форгрејд” од Србија и ”Тиволи продукција” од Унгарија. Финансиски е подржан од Агенцијата за филм на Северна Македонија и Српскиот филмски центар.

Слични содржини