Премиерата на „Бетмен“ се одржа во Њујорк

од Vladimir Zorba

Филмот кој дефинитивно ќе биде во центарот на вниманието деновиве е „Бетмен“ во режија на Мет Ривс. По Лондон, премиерата на ова остварување се одржа во Њујорк.

Ѕвездите на овој филм прошетаа на црвениот тепих, од Роберт Патинсон, кој го толкува ликот на Бетмен, до Зои Кравиц, која го толкува ликот на Жената мачка.

Исто така, на премиерите во театарот Линколн во Њујорк присуствуваа Џејсон Момоа, Питер Сарсор и многу други.

Заплетот на филмот се случува кога Ридлер, садистички сериски убиец, почнува да убива клучни политички фигури во Готам. Бетмен е принуден да истражува скриена корупција во градот и ја доведува во прашање вмешаноста на неговото семејство.

Слични содржини