Премиерите на Чешка, Полска и Словенија пристигнаа со воз во Киев, се очекува средба со Зеленски

од Nikola Popovski

Премиерите на Полска, Чешка и Словенија пристигнаа во Киев и во секој момент треба да се сретнат со украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави во вторникот Би-Би-Си, цитирајќи чешки медиуми.

Матеуш Моравјецки, Петр Фиала и Јанез Јанша имаат намера да изразат широка поддршка за Украина со нивната симболична посета, која треба да покаже европска солидарност со украинскиот народ.

Тројцата имаат намера да претстават широк пакет поддршка за Украина.

Во делегацијата е и полскиот вицепремиер и претседател на полскиот комитет за национална безбедност и одбрана Јарослав Качински, а освен со Зеленски, европските лидери треба да се сретнат и со премиерот Денис Смихал во Киев, објави словенечката влада на Твитер.

Патувањето беше планирано во консултација со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Патувањето беше договорено минатата недела на самитот на ЕУ во Версај, Франција, рече Дворчик.

Русија ги нарекува своите дејствија „специјална воена операција“ за „денационализирање“ на Украина, која Киев и нејзините западни сојузници ја отфрлија како изговор за неоправдан и незаконски напад.

Слични содржини