Премиерката на Данска во солзи, се извини за масакрот на визоните

од Vladimir Zorba

За прв пат, премиерот на Данска, Мете Фредериксен, се извини лично за управување со визон кризата, откако одлучи да ги убие во рамките на борбата против епидемијата на коронавирус.

Премиерот посети одгледувач на визони во Колдинг на запад од Данска, чии животни беа убиени по налог на владата, која немаше доволно правна основа за евтаназија на здрави животни.

„Мислам дека треба да се извинам за развојот на настаните. Немам проблем да се извинам затоа што е направена грешка“, рече премиерот по посетата и беше видно потресена затоа што ја прекина изјавата за да ги избрише солзите.

На почетокот на ноември, данскиот премиер нареди убиство на сите визони во земјата поради проблематична мутација на коронавирусот, од која беа заразени некои животни.

Владата призна неколку дена подоцна дека нема доволно правна основа за ваква мерка. Оттогаш, до парламентот е поднесен предлог-закон за забрана за одгледување визони до 2022 година.

Според последниот извештај, повеќе од две третини од приближно 15 до 17 милиони визони се веќе еутанатизирани.

Слични содржини