Премиерката на Србија: „Немојте да не принудувате да воведуваме полициски час“

од Nikola Popovski

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ рече дека луѓето не ги сфаќаат сериозно мерките на Владата и ги повика да се однесуваат во согласност со процедурите.

„Од утрово, имаме пет нови случаи, вкупно 55. Од нив, 28 се на домашно лекување, додека двајца се во сериозна состојба и се на респираторна машина“, рече Брнабиќ за ТВ Прва.

Таа се заблагодари на нејзиниот медицински персонал и експертите во Србија.

„Од вчера и завчера тој број почнува да расте, поради што решивме да воведеме вонредни мерки“, објасни премиерката.

Таа особено ги повика граѓаните сериозно да ги сфатат мерките преземени од Владата.

„Ми се чини дека луѓето не го сфатија сериозно тоа, тие не го слушаа ниту претседателот, ниту мене, ниту експертите. Голем број на постари граѓани се на улиците. Сите што имате над 65 години, сфатете не сериозно. Она што денес го гледам на улиците е катастрофално,  ја принудувате Владата да наметне полициски час. Ако немате самодисциплина, нема да ја победиме оваа ситуација“, рече српската премиерка и заклучи дека „Ако ова продолжи, ќе мора да преземеме дополнителни мерки“.

Слични содржини