Премиерката на Србија прв пат проговори за сексуалната определба и навредите

од desk2

 

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ, прв пат во јавноста прозборе за својата сексуална ориентациј, но и за дискриминацијата со која секојдневно се соочува.

„И пред да влезам во Владата омоето семејство и пријателите знаеја каква е мојата сексуална ориентација, како што и ја познаваа мојата партнерка. Бев свесна дека тоа ќе биде дел од мојата биографија, ако може тоа така да го наречам, дел кој ќе биде многу интересен за јавноста во Србија“, рече Брнабиќ за белградскиот магазин „Ponos”.

ИМа поддршка од најблиските, но се надева дека поделбите на геј и стрејт ќе престанат да бидат табу. Вели дека не пречи тоа што кога прифатила да биде дел од Владата прво како министерка, потоа премиер, луѓето ќе се „фатат“ токму за нејзината сексуална определба.

„Не ми пречеше затоа што сметав дека така и Србија се менува и дека ќе научи да прифаќа различност. Се надевав дека тоа ќе им помогне на другите луѓе да се чувствуваат покомотно во својата кожа, да соберат храброст да го живеат својот живот. Додуша, беше предизвик што на самиот почеток повеќе се зборуваше за тоа отколку за мојата професионална биографија и компетентност кои се поважни за работата за која тогашниот премиер ме повика“, вели таа.

Вели дека ја изненадиле реакциите и дека се брзо било прифатено.

„Позитивно ме изненади тоа што поголемиот дел од граѓаните, дури и оние постарите и традиционални, тоа брзо го прифатија и го ставија „ад акта“. Секогаш кога патувам низ Србија ме дочекуваат срдечно, без дофрлања или навреди“, вели Брнабиќ.

Но, навреди и прзивки имало таму каде што не ги очекувала, во „таканаречените демократски и европски елити“.

„Не очекував и вистински се запрепастив тоа што во таканаречените демократски и европски елити добивав, а и денес добивам, најголеми навреди и непримерникоментари, како хомопремиерка или прашања од типот “имаат ли геј партнерките некој посебен третман на робија или е исто како и за сите“, Двата коментари дојдоа од луѓе кои се исклучително либерални, но изгледа вистината е поинаква“, додава таа.

Сепак, вели иако е на функцијата премиер, дискриминирана е и убедена е дека за нејзината програма што ја претстави пред српскиот парламент дел од пратениците не гласале затоа што е геј.

Премиерката вели дека дискриминација трпи и од политичките неистомисленици. Вели дека слушнала оти ја викаат хомопремиерка, дека се чудат како да и се обраќаат со госпоѓице или со господин, брате, дечко, султанија и сл.

„Но, добро. Мојата надеж е дека ќе се „испукаат“ на мене и дека полека ќе навикнат дека нема разлика во личноста и неговите квалитети или недостатоци, дека сме сите еднакви, без разлика дали некој е стрејт или геј, и дека со врмее ќе престанат да бидат овие теми табу и нема да им е интересно, дека со пречеста и прегруба употреба, таа остриќа ќе затапи“, вели таа.

Вели дека секогаш имала поддршка од најблиските, но дека сите ја немаат таа среќа.

Вели дека знае оти сексуалната определба ќе биде позната за една јавна личност како неа, но благодарна и е на партнерката која ја поддржува, иако таа никогаш не сакала да се експонира.

Како совет вели дека тоа што некој е хомосексуален, а некој хетеросексуален, не е работа на избор, туку едноставно тоа што сте.

„Како што ни тоа дали сте родени црн или бел не е работа на избор“, вели Брнабиќ.

Слични содржини