Премиерката на Србија прва ќе ја прими вакцината „Фајзер“

од Nikola Popovski

Во Србија утре започнува вакцинацијата против коронавирус, а првите што ќе ја примат се корисниците на домови за стари лица во Белград и Нови Сад, но и премиерката Ана Брнабиќ и министерката д-р Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, потврдиле од српската влада за Танјуг.

Првите граѓани ќе ја примат вакцината „Фајзер“, која пристигна во Србија вчера, утре во 11 часот.

Исто така, утре, во Институтот „Торлак“, против коронавирус ќе се вакцинираат и премиерката на Србија Ана Брнабиќ и министерката за труд, вработување и социјални прашања, д-р Дарија Кисиќ Тепавчевиќ.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави денеска дека некој од врвот на државата ќе ја прими вакцината како сигнал дека е неопходна и добра, но тој не прецизираше за кого се работи.

„Дали Ана Брнабиќ, јас или Дарија Кисиќ … ќе видиме. Некој ќе оставиме и за другите вакцини, да дадеме поддршка на секоја вакцина, да покажеме дека секоја е добра“, рекол Вучиќ.

Слични содржини