Премиерот ја разбирал Кос, морала така да каже пошто зависела од гласовите на бугарските европратеници

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Ја разбирам еврокомесарката, таа требаше да го помине „хирингот“ на кој требаше да гласаат и од нашиот источен сосед и тоа е во рамките на таа димензија. Мислам дека низ таа оптика таа ги гледаше тие пораки и јас низ таа оптика ги гледам тие пораки. Убеден сум дека во периодот што следи, низ заеднички рагзовори, конечно, по 2,5 децении патот на Македонија до полноправно членство во ЕУ ќе биде широко отворен и ќе се вреднува врз основа на постигнувањата и компетенциите, а не поради билатералните прашања. Убеден сум дека ќе успееме, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во врска со изјавата на еврокомесарката Марта Кос според која, земјава треба да ги спроведе уставните измени.

Одговорајќи на новинарски прашања, Мицкоски порача дека „мора да не биде и ќе не биде“, а ваквиот оптимизам го темели, како што напомена, на сите досегашни средби со релевантните светски лидери, реализирани во изминатите речиси пет месеци.

Продолжувањето на евроинтегративниот процес за Македонија зависи од уставните измени за кои земјата се обврза, кажа словенката Марта Кос која е избор на Фон дер Лајен на функцијата еврокомесар за проширување.

Таа во сослушувањето пред европратениците кажа доколку се потврди нејзиниот избор за оваа позиција, ќе се фокусира на поддршката на сите кандидати да напредуваат на патот кон ЕУ, но и дека ќе очекува овие земји да ги почитуваат европските вредности, како демократијата и владеењето на правото.

-Очекуваме земјата-кандидат Македонија да го промени Уставот како што е ветено, ништо повеќе и ништо помалку. Владеењето на правото, почитувањето на човековите права, правото на припадност на малцинствата повторно член 2, ќе се навратам на овој член очигледно многу пати, тој е основата. Затоа, очекуваме владата на С. Македонија да го исполни ова барање,изјави Марта Кос.

Слични содржини