Премиерот на Чешка пристигна во Украина: „Киев беше под руски ракетен оган утринава“

од Stefanija Kuzmanovska

Чешкиот премиер Петр Фиала денеска пристигна во посета на Украина.

„Ние сме во Киев, кој исто така беше под руски ракетен оган утринава. Имаме серија преговори со украинските пријатели. Верувам дека тие ќе дадат конкретни резултати“, напиша Фиала на Твитер.

Тој оцени дека Украинците не се борат само за својата земја, туку и за цела Европа.

Слични содржини