Премиерот на Израел: Ќе продолжиме со прецизни напади врз Појасот Газа

од Stefanija Kuzmanovska

Израелскиот премиер Јаир Лапид денеска најави дека армијата на земјата ќе продолжи да гаѓа цели во Појасот Газа „на прецизен и одговорен начин, со цел што помалку да им наштети на цивилите“.

Лапид, кој ќе биде премиер на Израел до изборите закажани за ноември, ги нарече нападите на израелската армија „извонредно достигнување“.

„Операцијата ќе продолжи се додека е потребно“, се вели во соопштението на Лапид.

Слични содржини