Премиерот на Романија: Како членка на НАТО и ЕУ имаме безбедносни гаранции

од Vladimir Zorba

„Романија, како членка на НАТО и ЕУ, во моментов има безбедносни гаранции кои никогаш досега ги немала“, изјави денеска премиерот Николае Чука.

„Романија во овој период, како и другите земји, минува низ тежок период за кој не би ни помислиле дека може да се случи во 21 век. Ние сме членка на Северноатлантската алијанса, ние сме членка на Европската Унија, гледаме, донесени се одлуки во таа смисла, има повеќе војници и опрема на НАТО на романска територија“, изјави романскиот премиер во интервју за „Радио Романија Актуалитати“.

Според Чука, одлуката за присуство на НАТО на територијата на Романија нема да биде краткорочна, туку ќе биде консолидирано присуство.

Слични содржини