Премиерот на Шри Ланка положи заклетва како привремен претседател

од Stefanija Kuzmanovska

Премиерот на Шри Ланка, Ранил Викремесинг, денеска положи заклетва како вршител на должноста претседател на земјата, изјави владин претставник, пренесува „Ројтерс“.

Викремесинг веќе ја презеде функцијата откако поранешниот претседател Готабаја Рајапакса ја напушти земјата во средата по неколкумесечните антивладини протести.

Највисоките функционери на владејачката партија во Шри Ланка се согласија да го поддржат Ранил Викремесинг како нивен претседателски кандидат.

Слични содржини