Премиерот оптимист, матурантите велат дека постои волја за компромис

од Берта Китинска

Еден од можните компромиси за да се реши проблемот со матурантите е да полагаат 3 предмети, наместо два како што бараа до сега, односно да се укине еден интерен или еден екстерен испит.

-Постои волја кај премиерот за решавање на проблемот со начинот на полагање на матурата за разлика од министерката Царовска која е децидна и не сака да дебатира, изјави претседателот на Сојузот на средношколци Бледи Ходаи по средбата со премиерот Зоран Заев.

Дека премиерот изразил волја да се реши проблемот, потврдуваат и од Владата.

-Како одговорна Влада инвестираме во младите луѓе и водиме грижа за квалитетно образование и понатамошен напредок. Свесни сме дека во време на корона кризата е потребно да излеземе во пресрет и низ дијалог да изнајдеме компромисни решенија, рекол премиерот Заев при средбата со претставниците на Сојузот на средношколци.

Слични содржини