Премининарен договор меѓу СДСМ и ДУИ засега нема

од Vladimir Zorba

Прелиминарен договор меѓу СДСМ и ДУИ за мнозинство во Парламентот и идна Влада се уште нема.

Лидерот на партијата, Зоран Заев, за Телма вели дека прелиминарен договор нема и уште еднаш повика на воздржаност и разбирање кога станува збор за преговорите за мнозинство и Влада, средбите на работните групи и на лидерите на партиите.

„Јас молам за разбирање. Навистина е потребно. Не е точно дека имаме прелиминарен договор“, изјави Заев за Телма.

Слични содржини