Премиум нега за вашите алуминниумски фелни во Мотоцентар Галерија (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Покрај редовните сервисни услуги кои се нудат и во останатите Мотоцентар центри, премиум сервисниот центар во рамките на Мотоцентар Галерија се карактеризира со нови, специфични машини кои се новитет на нашиот пазар. Една од нив е машината за дијагностика на пневматиците со која се врши проверка на пневматикот за статусот на неговата искористеност (изабеност), со прецизност од највисок степен. Дополнителна новина се и машините за внатрешно чистење на фелни, роботизираната машина за промена на гуми, балансирање во реални услови со тест за перформасите на пневматикот… Со имплементација на најновите технолошки решенија од оваа област, Мотоцентар Галерија ги доближува светските трендови до корисниците, водејќи грижа за нивната безбедност и истовремено поставувајќи нови стандарди на домашниот пазар и пошироко.

Имавме можност за презентација на специјализираната машина за чистење на алу фелни. Прoцесот започнува со чистење од сите додатоци (тегови за баланс и сл.) и стругање на внатрешниот дел (главчината) на фелната, По средувањето се полираат сите површини на тркалото со што се отстрануваат сите остатоци од лепак, ѓубре, мрснотии…и перење на тркалата со пневматиците во специјална комора… по што повторно се балансираат гумите.

Пред враќање на тркалата, се средува и р’ѓата од местото каде стојат тркалата и се премачкуваат со специјална (бронзена) маст со која се намалува можноста за “залепување“ на тркалата.

Прекрасен резултат, нега за вашиот миленик на четири тркала која би требало барем еднаш годишно да ја правите… па нели кондури се чистат редовно ?!

Слични содржини