Пренџов: Пристапувањето на Шведска и Финска е добро за НАТО

од Nikola Popovski

Сите пратеници од пратеничката група на коалицијата „Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, едногласно ја поддржаа ратификацијата на протоколите за пристапувањето на Шведска и на Финска во НАТО.

-Сметаме дека ова се две силни и напредни демократии кои што ќе бидат додадена вредност во безбедноста на цела Европа. Сметаме дека тоа е добро за НАТО, и тоа е добро за целокупната демократска Европа, истакна Љупчо Пренџов, пратеник од опозицијата на денешната прес конференција.

Според него, може многу да се учи од скандинавските земји, како на пример Данска и Шведска имаат сериозни разлики и полемики околу националните грбови на двете држави, но никогаш едната не ја блокира другата во интеграциите кои што се во интерес на нивните граѓани.

Собранието на денеска без дискусија ги ратификуваше протоколите за прием на Шведска и Финска во НАТО.

За гласаа 103, а против двајца пратеници, од вкупно 105 присутни во македонскиот парламент, кој има 120 пратенички места.

Ова е првпат Собранието да ги ратификува протоколите на новите земји аспиранти за членство во Алијансата, откако Македонија стана 30-та членка на НАТО во март 2022 година.

Слични содржини