Пренџов за снимката од Џафери: Во салата имаше и пратеници од власта

од Берта Китинска

Недолична е изјавата на Мисовски за Џафери, вели пратеникот од ГРОМ, Љупчо Пренџов во емисијата „Само Вистина“.

-Таа вечер во салата имаше повеќе пратеници од власта отколку од опозицијата.Ако сакаме да имаме современ пратенички домм, многу логично е доколку некој тоа го видел треба јавно и гласно да го осуди.Ако молчите за девијантното однесување вие сте сооучесник. Ние како партија поднесовме пријава и имаме снимки од МТВ, вели Пренџов.

Потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски тврди дека Талат Џафери за него е еден од најдобрите претседатели што досега ги имало во Собранието.

-Не сакам да влијаам бидејќи е покрената постапка, но еве по трет пат ќе кажам Џафери е еден од најдобрите од независноста на Македонија. Знам дека секогаш имал одлична релација со службениците и собраниската служба. Ние со посебен закон ја одвоивме од Законот за администрација. Си имаме посебна служба, ги покачивме платите за над 20 проценти. Се друго е работа на политичка претставка, кажа Мисовски.

Слични содржини