Преносот на овластувањата на Бајден на Харис траеше час и 25 минути

од Берта Китинска

Американскиот претседател Џо Бајден денеска ги продолжи своите претседателски должности откако и ги префрли овластувањата на потпретседателката Камала Харис за точно еден час и 25 минути, колку што траеше целосната анестезија за време на колоноскопијата на која беше подложен, соопшти Белата куќа.

Американскиот претседател, кој беше подложен на „рутинска“ колоноскопија, разговарал со Камала Харис и шефот на кабинетот околу 11:35 часот по локално време. „Тој беше добро расположен и повторно ја презеде функцијата во тоа време“, напишала на Твитер портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.

Таа прецизира дека Џо Бајден моментално престојува во болницата Волтер Рид, во близина на Вашингтон, каде што продолжува со рутинските прегледи.

Деталите за здравствената состојба на претседателот, кој во сабота го има својот 79-ти роденден, ќе бидат објавени подоцна во текот на денот.

Бајден, кој не пуши и не консумира алкохол, беше вакциниран против Ковид со трета доза кон крајот на септември.

Слични содржини