Прентовиќ: ВМРО-ДПМНЕ со своето деструктивно однесување покажува дека тоне во очај и безидејност (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

„ВМРО-ДПМНЕ со своето деструктивно однесување покажува дека тоне во очај и безидејност и продолжува да работи против интересите на граѓаните. Однесувањето на дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски е класично режимско однесување, кое потсети на времињата на груевизмот кога ВМРО-ДПМНЕ вршеше притисоци, мобинг и закани за губење на работни места врз администрацијата“, вели денеска Татјана Прентовиќ, пратеничка од СДСМ.

„Со неовластеното снимање на вработените во подрачната единица во Берово Трипуновски сторил грубо прекршување на Законот за приватност на вработени во јавен или приватен сектор“, посочува Прентовиќ.

Слични содржини