Преполни болничките капацитети во Тетово, Гостивар и Кичево

од Берта Китинска

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека болничките капацитети во Тетово, Гостивар и Кичево понатаму се преполни со ковид пациенти.

-Се уште трае координацијата со директорите на овие болници со цел на секој пациент на којшто му е потребна хоспитализација со транспорт да се донесе во Скопје.Спремни се други дополнителни капацитети, меѓутоа, засега освен оваа болница во ниту една друга нема да се прави ковид центар како што беше тоа во претходниот бран, кажа Филипче.

Слични содржини