Прерано ги укина корона-мерките: Оваа европска држава бележи скок на заразени за 500 отсто

од Stefanija Kuzmanovska

Бројот на инфекции со коронавирус во Холандија скокна за 500 отсто минатата недела, објави холандскиот државен институт за здравство.

Зголемувањето на бројот на пациенти е придружено со укинување на скоро сите ограничувачки мерки и отворање на ноќните клубови на крајот на јуни, во време кога делта сојот започна да се шири, објави АП.

Податоците од институтот покажуваат дека близу 52.000 луѓе биле тестирани позитивно на ковид во изминатите седум дена.

Најголем пораст има кај луѓето на возраст меѓу 18 и 24 години – 262 отсто, проследено со 191 отсто кај лица на возраст меѓу 25 и 29 години.

Холандија повторно ги заостри мерките за барови, ресторани и ноќни клубови во петокот во обид да се спречи зголемувањето на инфекциите кај младите, само две недели откако беа укинати повеќето ограничувања во земјата, кога случаите се намалија.

Баровите мора повторно да се затворат на полноќ, додека дискотеките и клубовите се повторно затворени најмалку до 13 август.

Слични содржини