Прешова: Ветингот на крај ќе има одредени други последици (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Асистентот по уставно право на „Јустинијан Први“ при УКИМ, д-р Денис Прешова, во интервју за „360 Степени“ вели дека ветинг на судството на постоечки кадар е проблематичен и запраша кој ќе го спроведе ветингот при состојба на длабока поларизираност и што после ветингот.

Тој го спомена извештајот на Прибе кој нотира дека е мал бројот на проблематични судии, но дека тоа се највлијателните судии кои ги имаат полугите на моќ.

„Ние слушаме само дека треба ветинг. А што конкретно значи ветинг, како тоа треба да се изведе, кои се целите што сакаат да се остварат, кои се причините поради кои ветингот се промовира како решение за проблемите во судството, ние немаме јасна претстава, кои се одговорите на овие неколку прашања“, рече Прешова.

Слични содржини