Пресметајте сами: Еве колкав е ризикот вие да се заразите со коронавирус

од Stefanija Kuzmanovska

Сите ние сакаме да знаеме каков е ризикот од инфекција со коронавирус, како за нас, така и за нашите најблиски. Со помош на најновите алатки за проценка на ризик, сега можете да добиете одговор на тоа прашање.

Што влијае на ризикот?

Знаеме дека Ковид-19 не влијае на сите подеднакво. Иако некој од нас може да се зарази, некои се со поголема веројатност да бидат заразени, а на некои ќе им треба медицинска помош, додека други немаат никакви симптоми.

Иако се чини дека треба да се земат предвид голем број фактори, овие се некои од клучните што треба да се земат предвид при проценка на ризикот од заразување со коронавирус:

* вашата работа

* дали живеете со други луѓе и колку луѓе има во домаќинството

Ако се заразите со коронавирус, колку сериозна болест ќе се развие кај вас и каков ќе биде резултатот зависи од следниве фактори:

* возраста е главен фактор

* етничкото потекло

* полот

* некои веќе постоечки здравствени состојби (проблеми со срцето, мозочен удар, деменција, дијабетес, дебелина, висок крвен притисок)

На овие фактори не треба да се гледа изолирано, туку нивната комбинација влијае на исходот на болеста во вашиот случај.

Зошто е важно нивото на ризик?

Разбирањето на личниот ризик е важно затоа што може да ни обезбеди дополнителни информации што можат да ни помогнат да одлучиме како ќе се однесуваме во секојдневниот живот за време на пандемијата. Треба да ги следиме официјалните здравствени упатства, но ако вие или некој за кој се грижите имате зголемен ризик од инфекција, можеби ќе сакате да промените некои навики.

Ова значи физичко дистанцирање или, на пример, дружење со помалку луѓе, одење во шопинг кога е помалку гужва или работа од дома.

Кои алатки се достапни за проценка на ризик?

За да започнете со проценка на ризикот од инфекција, истражувачите соработувале за да соберат широк спектар на здравствени податоци. Гледајќи голем број луѓе со различни карактеристики, истражувачите можат да проценат колку различни комбинации на фактори можат да утврдат колкав е ризикот на една личност од инфекција со коронавирус.

Објавени се неколку алатки за проценка на ризик кои можат да се користат за проценка на ризикот, а кои исто така помагаат да се процени дали некое лице ќе има благи симптоми, дали ќе има потреба од хоспитализација или во најлош случај, дали може да биде фатално.

Ако планирате да користите некоја од овие алатки за проценка на ризик, најдобро е да го сторите тоа со вашиот лекар кој е запознаен со вашата здравствена состојба и кој може темелно да ги протолкува резултатите.

„QCovid“

Развиена од тим предводен од Универзитетот Оксфорд, оваа алатка е дизајнирана да им помогне на пациентите и лекарите да постигнат заедничко разбирање за ризикот. Откако ќе внесете некои податоци, како што се возраста, областа каде што живеете и здравствениот статус, тој го пресметува вашиот „апсолутен ризик“ или какви се шансите да ви биде потребна хоспитализација.

Максималниот резултат е 100 и тоа е највисок можен резултат, а рангот 1 би бил најмал ризик во споредба со сите други. Важно е да се запамети дека рангот со низок ризик воопшто не значи никаков ризик, но дека е помал во споредба со другите.

„OurRisk“

Алатката е развиена од истражувачка група предводена од Универзитетскиот колеџ во Лондон. Алатката нуди „основен“ процент на ризик во однос на исходот кај пациенти со Ковид.

„4C Mortality Score“

Оваа алатка е развиена од британска група лекари и научници и е наменета првенствено за лекари кои можат да ја користат оваа алатка за да пресметаат кој од хоспитализираните пациенти има поголем ризик од сериозно заболување.

Треба да се напомене дека овие алатки се квалитетни, сите тие биле тестирани претходно, но тие нудат проценка само врз основа на базата на податоци што ја содржат, така што нивните проекции не мора да бидат точни во никој случај, пренесува BFH.

Слични содржини