Пресуда-Две години затвор за Груевски екс премиер и лидер на ВМРО ДПМНЕ!

од desk4

Две години затвор доби поранешниот премиер Никола Груевски, откако  во Основниот суд Скопје 1 беше прогласен за виновен во случајот на Специјалното јавно обвинителство „Тенк“ .Тој се товари дека ,  бил дел заедн со министгерката Гордана Јанкуловска и помошникот министер во  купувањето на блиндираниот „мерцедес“ за 600.000 евра.

Во истиот случај, на шест и полгодишна затворска казна беше осуден поранешниот помошник-министер за јавни набавки во МВР, Ѓоко Поповски.

  • Груевски се товареше дека влијаел врз МВР со негови пари да купи блиндиран „мерцедес“ од 600.000 евра, иако Министерството претходно, во 2011 година, донело одлука за купување возило во вредност до 243.000 евра.
  • Одлуката била потпишана од тогашната министерка Гордана Јанкулоска, за предвидениот износ за купување на возилото да биде удвоен во 2012 година.

„Мерцедесот Ц-600 гард“ бил купен како единствена понуда на тендерот наместен за компанијата „Макаутостар“

Груевски на судењето се изјасни како невин и не се појави на изрекувањето на пресудата Второобвинетиот Поповски доби втора осудителна пресуда за два дена, откако вчера, во случајот „Триста“, му беше изречена казна затвор од девет години за незаконска набавка на 300 возила за МВР, со што го оштетил буџетот за 453.700 евра.

Образложувајќи ја пресудата, судијката Добрила Кацарска за Груевски рече дека целосно ги исполнува сите елементи на кривичното дело за кое што е обвинет.

Според судот, Груевски го искористил своето реално влијание како премиер и и побарал од поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска која исто така е обвинета во овој предмет, да се купи возило блиндиран мерцедес.

„Јанкуловска со умисла го поттикнала обвинетиот поранешен помошник-министер во МВР Ѓоко Поповски да ја фаворизира фирмата Макаутостар-Скопје“ се’ со цел да му ги исполни желбите на Груевски“, рече меѓу другото Кацарска.

Со тоа, според судот Груевски тоа го искористил за себе на незаконит начин да си обезбеди возило за кое не само што не биле информирани граѓаните, туку и се договориле да глумат дека возилото е на МВР и со тоа да остварат политички поени.

„Чест е да се биде носител на јавна функција во Македонија, особено е чест да се биде премиер. Затоа истиот треба да се грижи за интересите на грѓаните, не само тој туку секој носител на јавна функција треба да знае дека еден од основните принципи е принципот на отчетност. Граѓаните  мора да знаат како се трошат нивните пари. Никој, најмалку носителот на јавна функција, тука секако пред се премиерот, не смее да ги потценува и омаловажува граѓаните како што тоа го сторил обвинетиот Никола Груевски. Тој успеал да обезбеди за себе на незаконит начин возило марка мерцедес“, рече Кацарска.

Ова е прва пресуда за Груевски од петте обвиненија што против него ги поднесе Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Слични содржини