Пресуда за „Плацевите на Водно“

од Берта Китинска

Основниот кривичен суд Скопје денеска попладне треба да ја изрече пресудата за случајот „Плацевите на Водно“ во кој првообвинет за перење пари и противправно стекнување и прикривање на имот е поранешниот премиер Никола Груевски.

Обвинети сè уште пет други лица: Сашо Мијалков, Ристо Новачевски, Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска-Камчева за која обвинителството во завршните зборови се откажа од кривичен прогон поради застарување на делото.

Поранешниот премиер кој е во бегство, Никола Груевски повторно се огласи на социјалните мрежи пред денешната пресуда за случајот “Плацеви на Водно”, како што вели, со веројатно последна негова објава околу политичкиот прогон за предметот.

Груевски во своето долго обраќање, меѓу другото вели дека бизнисменот Орце Камчев жртвувал три станови за да го наместо него.

-Идејата на овој договор во последен момент е и покрај промената на изјавата на Јордан Камчев насочена против мене, истиот да жртвува три негови и на неговиот зет стана на Водно, како што Александар Ивановски својата слобода одлучи да ја купи со два помали стана и едно земјиште од 2.700мкв. Се заедно тоа да се заплени и да се прикаже како запленет мој имот, поточно како имот кој требало да ми припадне, а со цел од истото владејачката партија да прави политичка пропаганда, појаснува поранешниот премиер.

Според него, македонското судство е пред нов испит и предизвик.

-Тој не би постоел ако власта ги остави судиите да судат според доказите или ако се охрабрат да и се спротистават, бидејки тие знаат што се докази а што не. Дали ќе ги остави, оли дали ќе се охрабрат да се спротистават ќе се види скоро, пишува Груевски.

Бизнисменот Камчев, исто така е вклучен во понатамошното препродавање на атрактивните парцели на Водно. Тој тврдеше дека кога Јосифовиќ од објавувањето на „бомбите“ дознал дека неговата фирма од Белизе се поврзува со овој имот, му се обратил за помош. Со оглед дека, според тврдењата на Камчев, Груевски преку неговата сестра Кристина Камчева прашувал дали може да го купат тој имот, тие размислиле и одлучиле да го купат, а на таков чекор меѓудругото се одлучиле, како што рече бизнисменот, и поради одмаздљубивниот карактер на тогашниот премиер.

За Груевски и Мијалков, Обвинителството побара строги казни. За експремиерот побара да му се изречат максимални затворски казни за делата за кои се гони, додека за неговиот братучед и поранешен шеф на УБК побара изрекување на повисоки казни во рамки на границите предвидени со закон за делата кои му се ставаат на товар.

Слични содржини