„Пресушија“ бензинските пумпи во Британија

од Vladimir Zorba

Бензинските пумпи низ Велика Британија снемуваат гориво, а некои големи индустриски групи во англиските градови известуваат дека 50 до 90 проценти од бензинските пумпи „пресушиле“, објави денеска Здружението на трговци со моторни горива.

Акутниот недостаток на возачи на камиони во Велика Британија ги наведе жителите во некои англиски градови да паничат при купување гориво и доведе до создавање колони автомобили долги километри на бензински пумпи, од кои многумина останаа без бензин и дизел или едноставно се затворени, пренесе Ројтерс.

„Некои од нашите членови, големи индустриски групи со широка мрежа на продажни места, известуваат дека од вчера, 50 проценти од пумпите се „суви“, а некои известуваат дека дури 90 проценти од пумпите се „пресушени“, рече Брајан. Мадерсон, претседател на Здружението на продавачи на бензин (ПРА) за „Скај“.

Здружението собира независни продавачи на гориво кои имаат 65 проценти удел во вкупната мрежа британски бензински пумпи.

„Бритиш петролеум“ во неделата соопшти дека речиси една третина од нејзините бензински пумпи во Британија останале без два главни типа на гориво поради панични набавки, што ја принуди владата да ги суспендира законите за конкуренција и да им овозможи на компаниите да работат заедно за да го ублажат недостатокот.

Слични содржини