Пресврт во Франција по скоро 4 месеци: Се поголем број пациенти на интензивна нега

од Vladimir Zorba

Бројот на пациенти во единиците за интензивна нега во француските болници се зголеми веќе втор ден по ред, со што се менува трендот на намалување, што трае веќе 16 недели.

Министерството во соопштението соопшти дека бројот на лица во интензивна нега се зголемил за четири на 388, откако во понеделникот се зголемил за 13, пренесува Ројтерс.

Бројот на лица кои се наоѓаат на интензивна нега паѓаше скоро секој ден, без прекини, откако на 8 април достигна максимум 7.148, освен за две еднодевни зголемувања во јули, проследено со натамошно намалување на бројот на случаи.

Слични содржини