ПРЕСВРТ во истрагата за смртта на Дугина: Нејзиниот татко требало да биде во автомобилот

од Stefanija Kuzmanovska

Новинарката Дарја Дугина (30), ќерка на филозофот Александар Дугин беше убиена во саботата вечерта во Подмосковље.

Дарја била со нејзиниот татко Александар на патриотскиот фестивал „Традиција“, кој се одржувал во селото Захарово, каде некогаш живеела бабата на поетот Александар Пушкин и каде тој уживал да престојува како дете.

Трагедијата се случила во близина на селото Бољшије Вјаземи, во Подмосковље. Додека се враќала дома, експлозивна направа, која очигледно била поставена на паркингот за време на концертот, се активирала додека возела. Автомобилот се запалил, излетал од патот и удрил во ограда. Дарја загинала на самото место.

Испливаа информации дека автомобилот всушност припаѓа на Александар Дугин, па многумина се сомневаат дека атентатот бил испланиран за него, а жртвата е Дарја бидејќи решила да се врати дома со автомобилот на нејзиниот татко. Така мисли и претседателот на Доњецката Народна Република, Денис Пушилин, кој набрзо по инцидентот изјави дека тоа е дело на украинскиот режим, дека е очигледно дека сакале да го убијат Александар Дугин, а ја ликвидирале неговата ќерка.

Пријателот на Дарија, Андреј Краснов, вели дека таа и нејзиниот татко дошле заедно во Захарево и дека веројатно организаторите на атентатот мислеле дека заедно ќе ги убијат. Младиот виолинист Петар Лундстром, исто така пријател на Дарија, вели дека ќерката и таткото требало да се вратат заедно, но Александар разговарал со некои луѓе, па ќерката си заминала сама, а таткото со другарите веднаш по неа. Тоа му го спасило животот.

Но, кога дознал дека неговата ќерка починала, дошол на местото на несреќата. По смртта на Дарија, на Дугин му се слошило, па лекарите го однеле во болница.

Инспекторите тврдат дека експлозивот бил поставен во пределот под возачкото седиште, па Дарја немала шанса да преживее. Очигледно е дека организаторите на атентатот знаеле дека таткото и ќерката Дугин ќе дојдат во Захарево и тие го подготвиле нападот. Џипот на Дугин бил на паркингот неколку часа, но специјалистите тврдат дека на обучените терористи им требаат само неколку минути за да подметнат експлозив под автомобил.

Бидејќи вообичаено во такви ситуации експлозијата се случува кога возачот ќе го запали автомобилот на паркингот, на многумина не им беше веднаш јасно како успеала да излезе од паркингот и да помине неколку километри на патот што води кон Москва. Но, експертите објаснуваат дека постојат неколку различни експлозивни направи кои може да се темпираат да експлодираат додека возите, па дури и кога автомобилот е изгасен.

Слични содржини