Пресврт во Нагорно Карабах, се вмеша Париз

од Stefanija Kuzmanovska

Париз не ја признава самопрогласената република Нагорно-Карабах, објави Министерството за надворешни работи на Франција.

„На 25 ноември Сенатот усвои резолуција со која се повикуваат француските власти да ја признаат самопрогласената република Нагорно Карабах. За време на дебатата што му претходеше на гласањето, државниот секретар во Министерството за надворешни работи Жан-Батист Лемуан потсети на позицијата на француската влада за ова прашање – Франција не ја признава самопрогласената република Нагорно Карабах“, се наведува во соопштението.

Да потсетиме, денес Парламентот на Азербејџан усвои изјава во која му предлага на раководството да му се обрати на ОБСЕ со барање за исфрлање на Франција од групата Минск за Карабах, која е во рамките на оваа организација и која се обидува да го реши проблемот со оваа спорна област.

Слични содржини