Пресврт во случајот Навални: Бил отруен од неговата љубовница?

од Stefanija Kuzmanovska

По пресвртот во случајот Навални, кога беше објавено дека најверојатно е отруен со шише вода во хотел, се појави друга теорија, онаа за љубовница.

Од друга страна, рускиот печат известува дека луѓето блиски до лидерот на руската опозиција Алексеј Навални би можеле да одат во затвор доколку од Русија однеле шише со траги од отров, знаејќи за неговата содржина, што според законот морало да им го предадат на руските истражни органи.

Тоа го рече шефот на адвокатската канцеларија „Грибаков, Полјак и партнери“, Александар Грибаков, пренесува „Спутник“.

Адвокатот тврди дека на лицата блиски до Навални може да им се изрече затворска казна и до седум години за нелегален транспорт на токсични материи преку граница, согласно член 226.1 од Кривичниот законик на Русија. Тој посочи дека не разбира зошто најважниот доказ бил изнесен од Русија.

„Ако тоа шише навистина содржело отровна материја, ако навистина било извезено надвор од Русија, тоа е чудна ситуација, најважните докази да бидат изнесени надвор од границите на нашата земја“, посочува адвокатот.

Претходно, на профилот на Алексеј Навални на Инстаграм беше објавено дека „новичок“ со кој е отруен рускиот опозиционер е пронајден на шишињата во собата на „Ксандер хотел“во Томск.

Исто така, беше наведено дека откако вработените во Фондот за борба против корупција, чиј основач бил Навални, дознале за неговата хоспитализација, тие повикале адвокат, отишле во хотелската соба каде што претходно престојувал Навални и започнале да пакуваат, опишувајќи и обележувајќи сè што пронашле таму.

Претходно, весникот „Проект“ напиша дека едно шише со траги од отров можело да биде изнесено од Русија од страна на лице од придружбата на Навални, Марија Певчих. Про-Кремљските медиумите веќе со недели шпекулираат дека оваа жена, по наредба на некој од Западот, го извршила нападот на рускиот опозиционер со кого наводно била во љубовна афера, пренесува „Блиц“.

Марија е единствената личност од придружбата на Навални која не дала полициска изјава. Другите пет лица кои го придружувале Навални на неговата турнеја низ Сибир беа сослушани. Станува збор за Владлен Лос, Георгије Албурнов и Илја Пахомов, вработени во непрофитната организација на Навални, како и неговата портпаролка Кира Јармиќ и снимателот Павел Зеленски. Засега никој не се сомнева во нив.

Истражителите не биле во можност да разговараат со Марија, која има постојан престој во Велика Британија, бидејќи ги избегнала на 20 август, а веќе на 22 август отпатувала во Германија, истиот ден кога Навални бил пренесен во берлинска болница.

Нејзиното лице не може да се види добро на снимките од хотелските камери во Томск, бидејќи носела очила и медицинска маска, но јасно е дека била со Навални за време на целиот престој во тој град. Се шпекулира дека тие престојувале во иста соба, пишува „Блиц“.

Пред труењето на Навални, Марија била со него во Томск, каде што неговиот тим снимаше нови видео истраги. Кога Навални го напушти Томск, неколку членови на групата (истите кои ја пребаруваа хотелската соба) останале во градот, вклучувајќи ја и Марија. Кога се прочу дека опозиционерот е отруен, сите отишле во Омск, каде што авионот во кој тој се наоѓаше изврши принудно слетување.

Весникот „Медуза“ дозна дека на Марија ѝ било дозволено да ја напушти Русија без никакви потешкотии. Руската полиција, наводно, дури и не се обидела да контактира со неа во текот на последните две недели, иако нејзиниот руски телефон е секогаш вклучен.

Слични содржини