Претепан малолетник од Гостивар

од Nikola Popovski

МВР информира дека вчера во 14.10 часот и во 15.40 часот во гостиварско Чегране, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода М.Х.(34) од тетовски Пирок и Ф.А.(18) од Чегране.

-Лицата се осомничени дека со уште едно лице, на 25.10.2021 на ул.„Боге Велјановски“ во Гостивар, физички нападнале малолетник од Гостивар и му одзеле мобилен телефон и пари. Приведени беа во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од полицијата.

Слични содржини