Претпладне сончево, кон крајот на денот дожд

од Aleksandar Petrovski

Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, претежно во западните делови. Минималната температура ќе се движи од 7 до 15, а максималната од 22 до 29 степени. УВ индексот ќе биде 7.

Во Скопје слично  време со температура од 10 до 26 степени.

Според УХМР, утре ќе биде променливо облачно, на места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во следните денови, пак, претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Слични содржини