Претпријатијата ќе ги повикуваат граѓаните за отпис на каматите

од Берта Китинска

Јавните претпријатија ќе ги повикуваат граѓаните за отпис на каматите на долговите. Тоа ќе биде во период од 5 месеци, појасни вицепремиерот Фатмир Битиќи.

„Законското решение се подготвува, а граѓаните навремено ќе бидат информирани и ќе имаат доволно време. Тоа ќе биде во период од 5 месеци, поединечно ќе бидат повикани со распоред кога можат да отидат во јавните комунални препријатија“, изјави вицепремиерот.

Според вицепремиерот, условите се граѓаните да имаат долгови постари од 3 месеци и да имаат желба за да ги подмират обврските во еден момент кон иституциите, на кои што должат.

Слични содржини