Претрес во Битола, пронајдена дрога

од Stefanija Kuzmanovska

На 16.07.2022 во Битола,по претходно добиени оперативни сознанија, од страна на полициски службеници од Полициска станица Битола во координација со полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Битола лишен е од слобода З. С.(25) од Битола.

При извршен претрес во изнајмен апартман во Битола, кој пријавениот неколку месеци наназад го користел за обработка, пакување и продажба на дрога на наркозависници од Битола, пронајдена е марихуана и дигитална вага.

З. С. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Слични содржини