Претрес во Битола, пронајдени кокаин и марихуана

од Берта Китинска

На 04.10.2022 во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода Д.Ч.(26) од Битола.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана и други предмети со остатоци од непозната материја.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини