Поранешниот министер за внатрешни работи на Украина, Арсен Аваков, објави дека членови на службата за безбедност денеска извршиле претрес во неговата куќа во рамки на истрагата за набавка на хеликоптер „Ербас“, пренесува „Украинска правда“.
„Украинска Правда“ го цитираше Аваков дека претресот на неговата куќа е поврзан со неодамнешната несреќа на хеликоптер Ербас, пренесува „Ројтерс“.
„Тие ги проверија договорите со Ербас од пред шест години“, рече Аваков.