Претрес во станот на соучесникот на напаѓачот на Макрон: Пронајдено оружје и најпознатата книга на Хитлер

од Nikola Popovski

Полицијата пронашла оружје во куќата на соучесникот на човекот кој му удрил шлаканица на францускиот претседател Емануел Макрон, како и копија од книгата на Адолф Хитлер „Мајн Кампф“.

Двајца мажи на возраст од 28 години биле уапсени по вчерашниот инцидент на југоистокот на Франција, а по нападот врз Макрон беа извршени претреси во нивните куќи во селото северно од Тан Лермитаж.

Се верува дека Демиен Тарел (28), кој му удри шлаканица на Макрон, бил заинтересиран за голем број екстремно десничарски и монархистички фигури, како и за средновековната историја на Франција.

На својата страница на Инстаграм, тој се опишува себеси како член на националната федерација на историски европски боречки вештини и е прикажан на слики каде што е облечен во средновековни носии со долг меч.

Книгата на Адолф Хитлер „Мејн Кампф“ и оружје биле пронајдени во куќата на човек осомничен за снимањето на нападот врз францускиот претседател, а полицијата соопшти дека запленила меч, кама и колекционерска пушка за кои уапсениот имал дозвола.

Интересно, напаѓачите дадоа изјава за локалните медиуми истиот ден кога Макрон беше нападнат, а репортерот на „Котидиен“ се приближил до тројца мажи кои го чекале претседателот и ги прашал што прават.

„Ништо. Дојдовме да го видиме нашиот драг Макрон. Постојат работи што би сакале да му ги кажеме, но за жал не можеме да ги кажеме. Падот на Франција“, одговорил еден од нив кој имал маска на лицето и темни очила, додека Тарел не рече ништо.

За време на посетата на регионот Тан Лермитаж на југоисток, претседателот Макрон се приближил до толпа граѓани да ги поздрави, а Тарел го фатил претседателот за рака и му удри шлаканица по лицето, повторувајќи ја фразата позната на обожавателите на француската монархија, пред интервенцијата од претседателското обезбедување.

По инцидентот, полицијата го уапсила Дамиен Тарел, кој, според истражителите, не ѝ бил познат на полицијата пред овој случај, а уапсен е и неговиот пријател кој го снимил целиот инцидент.

Обвинението за напад на јавен службеник во Франција предвидува максимална затворска казна од три години и парична казна од 45.000 евра.

Слични содржини