Претрес во Тетово, пронајдена дрога, приведени дилери

од Vladimir Zorba

Полициски службеници вчера во 15:16 часот во Тетово ги лишиле од слобода Б.Ф.(18) и Б.Х.(23), двајцата од Тетово.

Како што информира МВР, при преглед кај Б.Х. била пронајдена марихуана, а при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, исто така, била пронајдена и одземена марихуана.

Двајцата се приведени во полициска станица и по комплетно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок

Слични содржини