Претреси во Косовска Митровица: Од зградата во која живеел Радоичиќ запленети два автомобили „мерцедес“

од Nikola Popovski
201 прегледи

Припадниците на специјалната единица на косовската полиција извршиле претрес во зградата во северниот дел на Косовска Митровица каде живеел потпретседателот на Српската листа, Милан Радоичиќ, пренесуваат српските медиуми.

Како што се наведува, околу зградата биле распоредени голем број оклопни возила со долг дострел.

Косовската полиција запленила две луксузни возила „мерцедес“ со белградски таблички и еден „квад“ без таблички.

Како што пишуваат тамошните медиуми, возилата се оддалечуваат од околината на зградата во придружба на оклопни возила на косовската полиција.

Претреси биле направени и на неколку други локации во Косовска Митровица, како и во Звечан и Зубин Поток.

Специјалните единици на косовската полиција утрово насилно упаднале во Клиничкиот болнички центар во Митровица, изјавил за Танјуг директорот на таа институција д-р Златан Елек. Тој рекол дека без знаење на управата на болницата извршиле претрес во пералната и одредени канцеларии.

Според Елек, тие заплениле и снимки од камерите на КБЦ.

Како што изјавил, припадниците на специјалната единица на косовската полиција рекле дека имаат налог за претрес од судот, кој бил на албански јазик и кој тој не можел да го разбере.

Косовската полиција соопшти дека акцијата ја спроведува на пет локации во три општини на северот на Косово: Косовска Митровица, Звечан, Лепосавиќ.

Милан Радоичиќ е потпретседател на Српската листа. Тој е на црната листа на САД и Велика Британија. Косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Свечла пред неколку дена на својот Фејсбук објави видео од манастирот во кој се криеле напаѓачите, тврдејќи дека на снимката се гледа и Радоичиќ. Свечла го обвини Радоичиќ дека е „водач на терористичка група и за нападот во кој беше убиен полицаецот Африм Буњаку“.

Слични содржини