Претседателите на посиромашните земји: Зарем луѓето ќе бидат оставени да умрат?

од Stefanija Kuzmanovska

За време на виртуелното заседание на 75. Генерално собрание на ООН, многу водачи на посиромашните земји се прашуваат дали вакцината против ковид ќе им биде достапна и на нив.

Прашањето на сите прашања, според агенцијата АФП, е дали оваа вакцина ќе биде достапна за сите земји, и за оние кои се богати и за оние кои се посиромашни. Бидејќи, она што загрижува е она дека, нема соработка по тоа прашање меѓу САД, Русија и Кина, а кога постоел глобален проблем, таа соработка досега постоеше.

Сите напори на ОН да ја направат вакцината достапна за сите се распаѓаат бидејќи трката за набавка на вакцини веќе започна, паралелно со онаа во која се прават вакцините.

„Зарем луѓето ќе бидат оставени да умрат?“, отворено запраша претседателот на Хондурас, Хуа Орландо Хернандез, кој и самиот беше заразен со коронавирус.

АФП наведува дека над 150 земји се вклучиле во трката за вакцина против Ковид 19, во иницијативата Ковакс, во која богатите земји се обврзаа, покрај набавувањето на одредени дози на вакцини за себе, финансиски да им помогнат на послабите од нив за самите да ја набават.

Но, отсуството на трите водечки сили, САД, Русија и Кина, од тој план значи дека ова е преседан во 75-годишниот одговор на ОН на светските кризи. Имено, тие земји, покрај тоа што развиваат свои вакцини, јасно ставија на знаење дека нивното население ќе биде апсолутен приоритет.

Претседателот на Гана укажа на илузијата што сега владее: „Вирусот ни покажа дека нема граници и дека сите сме изложени на ризик и дека сите се во опасност, без разлика на богати или сиромашни“, рече тој.

Друг водач, оној од Палау, ги предупреди светските лидери дека се себични и дека сето тоа ќе нè чини сите нас.

Слични содржини