Претседателката на ЕК: ЕУ инвестира дополнителни 200 милијарди евра во одбранбените сили

од Stefanija Kuzmanovska

Европската комисија денеска усвои план за зајакнување на одбраната на Унијата, кој опфаќа инвестиција од 200 милијарди евра, но и заеднички набавки и подобра интероперабилност на воените сили на земјите-членки.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен оцени дека враќањето на „војната на европскиот континент“ ја нагласи потребата од поголеми, но и покоординирани инвестиции во одбранбените сили на ЕУ.

„Парите мора да се инвестираат координирано за да се решат празнините во нашите воени капацитети кои очигледно постојат и кои ги идентификувавме во ЕУ и НАТО. Начинот на кој ги трошиме мора да ја зајакне европската одбранбена индустрија на долг рок“, рече Фон дер Лејен.

ЕУ објави план од 300 милијарди евра за ставање крај на зависноста од Русија

Претседателката на Европската комисија претстави план вреден 300 милијарди евра, кој треба да ѝ помогне на ЕУ побрзо да ја прекине зависноста од руските фосилни горива, вклучувајќи нафта и гас.

Во вонредното обраќање во Брисел, Фон дер Лејен рече дека планот се заснова на инвестиции кои ќе ја намалат потрошувачката на енергија, ќе воведат повеќе „сигурни добавувачи“ на енергија и ќе ја забрзаат работата на обновливите извори на енергија.

Слични содржини