Претседателката на Европската комисија во карантин

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен го напуштила состанокот на лидерите на ЕУ 27 поради заминување во карантин.

Фон дер Лејан добила информација веднаш по почетокот на состанокот во Брисел дека член од нејзиниот кабинет утрово добил позитивен тест на коронавирус.

„Мојот тест е негативен, но како мерка на претпазливост веднаш го напуштам Европскиот совет и заминувам во самоизолација“, напиша фон дер Лејен на Твитер.

Слични содржини