Претседателката на Косово им оддаде почит на жртвите од трагедијата во Бугарија

од Берта Китинска

Високи функционери од соседните земји пристигнаа на скопскиот аеродром за да оддадат почит пред останките на жртвите во трагичната несреќа во Бугарија. Меѓу нив има и претставници на дипломатскиот кор во земјава.

Се работи за претседателката на Косово, Вјоса Османи, претседателот на Собранието на Албанија, Линдита Никола, како и министерот за одбрана на Албанија, Нико Пелеши кои пристигнаа за да оддадат почит кон жртвите.

На аеродромот присуствуваат претрседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, првиот вицепремиер Артан Груби, вицепремиерот Љупчо Николовски, министрите Бујар Османи, Фатмир Бесими, Крешник Бектеши, Насер Нуредини, Јагода Шахпаска, Благој Бочварски, пратеници и поглаварот на Исламската верска заедница.

Слични содржини