Претседателот на Атлетико демантираше интерес за Роналдо

од Vladimir Zorba

Претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Серезо ги коментираше извештаите за интерес за напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо. Според него, трансферот на 37-годишниот Португалец во клубот е невозможен.

„Не знам кој ја измисли оваа приказна за Роналдо и Атлетико. Ова дефинитивно не е вистина. Речиси е невозможно Роналдо да се пресели во Атлетико“, изјави Сересо за Partidazocope.

Минатата сезона португалската ѕвезда постигна 24 гола и направи 3 асистенции на 39 натпревари за Манчестер Јунајтед во сите натпреварувања.

Договорот на напаѓачот со клубот е до 30 јуни 2023 година.

Слични содржини