Претседателот на Баерн Минхен: Речиси ќе се загушев кога видов колку должи Барселона

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Баерн Минхен, Карл Хајнц Румениге имаше интересна реакција за веста за големите долгови на Барселона.

Својата реакција кога слушнал за приказната од каталонскиот гигант ја опиша во интервју за „Скај спортс“.

„Читав за долговите на Барселона за појадок, речиси ќе се загушев. Ако Баерн имаше такви долгови, не би можел да спијам. Сепак, мислам дека ништо нема да се случи. Клуб како Барселона нема да пропадне бидејќи тоа значи премногу за регион како Каталонија“, рече првиот човек на Баерн и додаде:

„Во секој случај, жал ми е што клубовите можат да паднат во такви долгови. Ние во Баерн гледаме клубови како Барселона и многу Италијанци кои не можат да си ги плаќаат платите и ние продолжуваме според нашиот модел. Покрај спортскиот успех, секогаш треба да барате економска стабилност“, додаде Румениге.

Слични содржини