Претседателот на БАН со важна вест за минатото и иднината на Бугарите и на Македонците

од Vladimir Zorba

Меѓу двете земји нема проблеми, политичарите да ги следат научниците и да седнат на една маса, повика академик Стефан Воденичаров.

20160109-psxyhlapyq

Ние им препорачуваме на бугарските политичари дека нашите односи со Република Македонија стануваат се поблиски и она што граѓаните на двете држави го чувствуваат меѓусебно, да биде реализирано на политичко ниво. Ова го изјави академик Стефан Воденичаров, претседател на БАН, цитиран од БГНЕС.
Повод за неговото интервју е повикот за дијалог и пријателство на директорот на Државниот архив на Република Македонија, Филип Петровски.

“Меѓу граѓаните на Бугарија и Република Македонија нема никакви проблеми, тие се на друго ниво”, рече академик Воденичаров и продолжи: “Нека политичарите седнат и тие да зборуваат исто како што зборуваат научниците на двете земји. Разговорите меѓу нас течат сосема мирно, пријателски и колегијално. Ние поставуваме цели кои се корисни за двете земји. И државните институции треба да помогнат околи нашата соработка “.

Бугарската академија на науките / БАН / и Македонската академија на науките и уметностите / МАНУ / одамна работат за пријателството меѓу двете земји.

“Дијалогот меѓу двете академии започна пред 3-4 години. Научниците од двете страни прифатија дека треба да седнеме на маса и да ги видиме работите кои не зближуваат, а работите кои не делат, на кој начин да се решат. Тука сакам да истакнам дека се што се однесува до разликите кои се натрупаа во последните 100 години, тие не се Википедија од нас, а туку од однадвор. Сето она што е направено пак однадвор, ги спречува односите меѓу самите луѓе и меѓу двете држави “, изјави претседателот на БАН.

Тој посочи дека пред месец дена научниците од двете академии се собрале во Бугарија, каде што известуваа за резултатите од вкупната работа – околу 30 проекти, а исто така се зацртаните да продолжат со работата заедно во следните 3 години.
“Не станува збор само за наука, туку за цел спектар на теми, вклучително и економијата на Бугарија и Република Македонија и нашето претставувањето пред Европа”, изјави бугарскиот академик Воденичаров.

Бугарската и македонската наука помагаат за заштита на националната безбедност на двете земји. “Ние имаме заеднички проблеми”, рече претседателот на БАН, кој е наградуван експерт во областа на одбранбената индустрија.

Еден од институтите на академијата веќе потпиша договор со претпријатието од ВПК во Прилеп. “Бугарија и Македонија можат да работат заедно на многу заеднички проекти во одбранбената област. Можеме да помогнеме во целина со зајакнување на соодветните структури во двете земји. И во моментов бугарската одбранбена индустрија користи неколку претпријатија во Македонија како подизведувачи за некои производи. Исто така можеме да излеземе со заеднички производ на трети пазари. Од моите колеги во Македонија знам дека има разбирање за едно таква соработка во иднина “, изјави академик Воденичаров.

Слични содржини